Ракометарите на Вардар славеа кај Монпелје со 25-28 во натпреварот од 11 коло од Лигата на шампионите.
Десниот бек Кевин Њокас вели дека до овој триумф вардарци не дојдоа среќно, туку дека многу се работело да се стигне до победата.
„Задоволни сме од нашата игра. Овој триумф не е на среќ, бидејќи работевме многу напорно откако Давид Дејвис дојде во Вардар. Секој играч си ја знаеше својата задача и си ја изврши како треба. Сите работевме напорно за да дојдеме до посакуваната форма. Не е лесно да се дојде тука и да се победи. Можеби игравме разочарувачки на претходните натпревари, но се надевам дека победите ќе ни се множат“, изјави Њокас.
Следен предизвик за Вардар ќе биде домашниот натпревар против хрватскиот Загреб.