Репрезентативците на Романија добија неколку дена повеќе за подготовки пред бараж дуелите против Македонија, а тоа се случи откако три кола од првенството беа поместени.
Ова е потег кој покажува дека задачата пред Македонија се сфаќа максимално сериозно и дека подготовките ќе бидат направени на високо ниво и тоа ќе биде интересен двобој во рамки на баражот за СП 2023 кој ќе биде одигран на 17 и 19 март во Скопје и во Букурешт.
Според она што е објавено од страна на Ракометната федерација на Романија 19., 20. и 21. коло се поместуваат за неколку дена порано. Оттаму 19. коло место на 20 февруари се игра утре, 20. коло место на 27-ми се игра на 20 февруари, додека 21. коло ќе биде одиграно на 27 февруари. Инаку првичниот план беше 21. коло да се игра на 6 март.
Со ова селекторот на Романија, Чави Пасквал добива неколку дена плус за тренинзи и подготовки пред двата дуела против Македонија.