Ракометарите на Вардар утре ги продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите, а гостуваат во Франција кај составот на Монпелје, кој е лидер во Групата А.
Ова е сериозен предизвик за Вардар кој ќе го има првиот натпревар во Лигата на шампионите под водство на Давид Дејвис.
Пред овој натпревар, Гоце Георгиевски зборуваше во име на ракометарите за она што може да се очекува на средбата.
„Прв натпревар од ЛШ во вториот дел од сезоната. Монпелје е сериозен ривал, а самиот факт дека е прв на табелата е доволен доказ дека станува збор за квалитетен противник. Нема да одиме да се предадеме. Во Скопје тимот на Монпелје успеа да победи, но сега имаме нов тренер и нов систем. Мора да веруваме во позитивен резултат иако имаме квалитетен противник Ќе биде тешко. Гледавме неколку од последните средби и јасно е дека се сериозна екипа. Мораме да веруваме и да се надеваме на позитивен резултат“, рече Георгиевски.
Средбата се игра утре во Франција со почеток во 18:45 часот.