Колешката на Андреа Седлоска од Локомотива Загреб, Дора Калаус, од следната сезона ќе настапува во големиот ривал од домашното првенство, Подравка.
Репрезентативката на Хрватска со екипата на Подравка потпиша двегодишен договор. Калаус на почетокот на својата кариера го носеше дресот на Подравка. Од Подравка направи трансфер во Кока Вараждин, таму играше две сезони, а од 2015 година настапува за Локомотива Загреб.
Минутажата во новиот клуб ќе ја дели со Ана Турк и Николина Задравец, кои остануваат во Подравка. Се очекува Калаус во Подравка да биде прва опција на позицијата десен бек.
Во Подравка ќе игра со нејзината сестра близначка, Лариса, која од минатата сезона го носи дресот на хрватскиот шампион. Сестринското дуо одигра голема улога на Европското првенство 2020 година и заедно со репрезентацијата на Хрватска го освои бронзениот медал. Тие заедно играа и во претходните клубови од нивната кариера.
Освен Дора Калаус, раководството на Подравка планира да донесе уште неколку домашни засилувања за следната сезона. Од клубот на крајот од сезоната ќе заминат поголемиот број на стандардни ракометарки.