Според очекувањата, тимот на Пролет оствари триумф над последнопласираниот тим на Радовиш со убедливи 30-23. Победникот беше решен уште по првиот дел, кога Пролет имаше плус пет, 18-13.
Беше 7-2, па 10-3 и веќе беше јасно каков тек ќе има овој натпревар. Грешките на радовишани беа казнувани од крилата Палевски и Димов со лесни погодоци во гостинската мрежа.
Иако по 15-8, гостите се вратија на 15-11, сепак немаа сили за нешто повеќе, па на пауза имаа негатива од пет погодоци, 18-13.
Второто полувреме беше време за играчите со помала минутажа од домашната екипа, да го убедат тренерот Лембанов дека заслужуваат шанса. Сепак Пролет не запнуваше премногу и успеа да сочува дел од силите за мечот со Охрид.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Давор Палевски со осум и Мартин Димов со четири гола, додека кај Радовиш се истакна Кристијан Ристов со шест погодоци. Пролет во следното коло гостува кај Охрид, додека Радовиш ќе го пречека Прилеп.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА