Летаа боксови на сите страни, судиите свирнаа крај по 21 минута! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу холандскиот Алсмер и белгискиот Висе од регионалната БЕНЕ лига, беше прекинат по дваесетина минути игра.

При еден напад на домашниот тим, ракометарот Роб Јансен, шутираше во главата на голманот на Висе, Николас Плесер. Играчите на белгискиот тим веднаш се стрчаа кон Јансен и почнаа да се пресметуваат, вербално, а потоа и физички.

Настана голема мешаница на теренот, се приклучија сите играчи и стручни штабови на двата тима, но по неколку минути прекин, се смирија страстите на теренот.

Судиите и делегатот одлучија дека по овој инцидент нема услови за продолжување на натпреварот, па решија да го прекинат по 21 минута. На потег е сега раководството на БЕНЕ лигата да донесе одлука, како ќе биде регистриран овој натпревар.

БЕНЕ лига е пандан на СЕХА лигата, и во неа играат екипи од Холандија и Белгија, а претходно играа и екипи од Луксембург.