Тројца од шведските репрезентативци што во неделата ја освоија титулата на ЕП, не се вратија во татковината.
Карл Валиниус, Лукас Пелас и Линус Персон, наместо во Шведска, вчера мораа да отпатуваат во Франција.
„Ние заминавме последни од хотелот. Останавме подолго во кревет. Малку сме уморни, но беше долга ноќ, а сега мора да се вратиме на секојдневниот живот“, во еден глас велат тројцата за „Handbollskanalen“.
Валиниус и Пелас денеска мораат на тренинг со тимот на Монпелје, додека ист е случајот и со Персон, кој веќе в петок има натпревар со тимот на Нант.
За разлика од нив, дел од шведските репрезентативци се вратија во татковината и добија неколку слободни денови пред да се вратат на клупските обврски.