Ракометарот од Хрватска, Сандро Обрановиќ, кој оваа сезона го носи дресот на Загреб, од наредната сезона ќе биде дел од Кадетен Шафхаузен, пишува „Хандбол Планет“.
За левиот бек од Загреб, Кадетен Шафхаузен ќе биде нов интернационален предизвик. Обрановиќ пред да направи камбек во Загреб, три сезони го носеше дресот на белорускиот шампион, Мешков Брест, додека по една сезона одигра за Шамбери од Франција и ПИК Сегед од Унгарија.
Во текот на 2015 година доби шанса во репрезентацијата на Хрватска, но по само два одиграни натпревари го загуби статусот на репрезентативец. Во својата кариера настапуваше и за суперлигашот Нексе од Нашице.
Кадетен Шафхаузен за следната сезона освен Обрановиќ ги ангажираше и Игор Жабиќ од Лимож, како и поранешниот репрезентативец на Исланд, Один Тор Рикардсон од Гумерзбах.