Во петок ќе започне новата, 11. сезона во регионалната СЕХА лига. И оваа година ќе се игра по истиот систем од лани. Ќе учествуваат десет екипи, поделени во две групи. Во регуларниот дел настапуваат осум екипи, меѓу кои и македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер, додека Веспрем и Мешков Брест имаат привилегиран статус и ќе стартуваат од четвртфиналето. По осминафинале и четвртфинале, веќе стана традиционално, сезоната да заврши на стартот на следната, во септември, кога ќе се одржи завршниот турнир во СЕХА.
После пауза од седум години српскиот вицешампион Партизан се враќа во СЕХА лигата. Сезонава заедно со шампионот на Србија, Војводина ќе имаат можност да ги одмерат силите со најдобрите клубови од регионот и да ја проверат својата конкурентност. Амбицозниот тим од претстолнината на Србија ги очекува новите предизвници со сосема нов подмладен тим кој ќе го облече „црно-белиот“ дрес.
Ракометарите на Партизан сигурно ќе го дадат својот максимум и ќе се обидат да остварат подобар скор од последното учество во СЕХА лигата во сезоната 2013/14 кога имаа биланс од две победи и 16 порази. Двете поибеди беа против Металург и црногорскиот Ловќен.
Тимот предоден од поранешниот југословенски репрезентативец и селектор на српската младинска репрезентација Ненад Максиќ имаше успешен прв дел од сезоната во домашното првенство завршувајќи на првото место со 12 победи и две нерешени. Плејофот во кој ќе играат важна улога започнува во февруари. Сигурно целта ќе биде да се стави крај на постот кој трае од 2013 година кога Партизан ја освои двојната круна во Србија.
Ростерот е добро избалансиран со спој на искусни и играчи кои покажуваат голем потенцијал. Нивниот најискусен играч е 38-годишниот десен бек Александар Стојановиќ кој има десет години искуство во ЛШ. Тој има играно за Металург, Вардар, Целје, Копер и Кадетен. На десната крилна позиција игра 26-годишниот Немања Живковиќ кој пристигна словенечки Градец. На Стојановиќ му помага младиот Никола Ивановиќ кој веќе има меѓународно искуство во Еурифарм Пелистер и унгарски ФТЦ.
Ивановиќ не е единствениот млад играч од српската репрезентација од генерацијата 1998 година кој е главен дел од тимот. Тука е голманот Андреј Трнавац кој имаше одлично издание во ЕХФ купот против Баја Маре. Во истата генерација спаѓаат и Ѓорѓе Писариќ кој веќе има искуство со играње во Мералопластика и левото крило Ненад Максиќ.
Уште неколку играчи на Партизан имаат репрезентативно искуство, пикерот Иван Микиќ, левиот бек Стефан Петриќ и десното крило Урош Којадиновиќ. Сите овие ракометари се дел од генерацијата 2000/2001 година од репреентацијата на Србија. 21-годишниот Којадиновиќ е прв сррелец во досегашниот дел од првенството со 67 гола, за него е Никола Ивановиќ со 62. Партизан на враќањето во СЕХА лигата ќе игра во групата А заедно со Загреб, Еурофарм Пелистер и Татран Прешов.