Шведска по 20 години се искачи на европскиот врв, откако во финалето на Европското првенство стигна до триумф над Шпанија со 27-26.
Норвежанецот на клупата на Шведска, Глен Солберг, вели дека е горд на сите момци за прикажаното со оглед на многуте проблеми.
„Нереално е ова што го направивме. Среќен сум и горд на сите момци кои се фантастични. Се боревме против ковид и против други проблеми, но верувавме во нашиот концепт. Одигравме одлично, особено во одбраната. Мислам дека тоа е клучот на победата. Тимскиот дух е на највисоко ниво“, изјави Солберг.
Шведска со триумфот во финалето и се одмазди на Шпанија за поразот во мечот за злато пред четири години на ЕП 2018 во Хрватска.