ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОГЛЕДНЕТЕ: Неверојатната одбрана на Паличка вредна финале (ВИДЕО)

Андреас Паличка имаше фантастично издание на голот на Шведска во полуфиналето против Франција и беше еден од најзаслужните за победата на својата репрезентација со 34-33.

Голманот кој денеска излезе од карантин е веднаш застана на голот имаше 12 одбрани, а постигна и три погодоци уште во првото полувреме.

Откако во последната минута Шведска имаше два гола предност, но направија две грешки под притисок и Франција дојде во можност да израмни.

Но Паличка не го дозволи тоа и со фантастичка интервенција го сопре Фабрегас за голем триумф на Швеѓаните.

Последниот напад на Франција и одбраната на Паличка погледнете го во следното видео…