По селекторот на Литванија, Миндаугас Андрушка, уште двајца селектори ќе ги завршат своите мисии по Европското првенство.
Станува збор за Љубомир Врањеш, кој иако има договор до 2024 година со Словенечкиот Сојуз, сепак нема да ја продолжи селектороската работа по дебаклот на континенталниот собир.
Иако официјално не е потврдено од челниците лица на сојузот, сепак прашање на време е кога Врањеш ќе мора да почне да си бара нов ангажман.
Селекторот на Украина, Михаел Биглер, по трите убедливи порази од Србија, Хрватска и Франција, исто така предвреме ќе добие отказ од тамошната федерација.
Словенија заврши на 16 позиција, додека Украина беше убедливо на последното место на ЕП.