Репрезентациите на Германија и Полска во директен дуел се бореа за освојување на првото место во групата Д и пласман во следната фаза со два бода. Иако без голем број играчи кои играа на претходните дуели Германија славеше победа од 30:23.
Германија во најголемот дел од натпреварот го диктираше резултатот, а само почетните минути беше израмнето. После 5:5, Штајнерт двапати погоди и еднаш Гола за прво поголемо водство на Германците. Но Полска не дозволи противникот на се одлепи и постјано беше на минус еден или два.
Во завршните моменти од првото полувреме Германија успеа да ја врати највисоката предност од три гола и со такво водство замина на паузата. После одиграни 30 минути избраниците на Гисласон имаа 15:12.
И во продолжението на мечот отсутвото на голем број германски репрезентативци не се забележуваше. Во второто полувреме играа многу сигурно и го чуваа водството без проблеми. Во 44. минута веќе беше 21:15 а до крај рутински одиграа за победа и прво место во групата.
Најефикасен во тимот на Германија беше Штајнерт со девет гола, додека стелец на шест погодоци беше Гола. Во составот на Полска, Морито постигна седум гола, а Сичко шест. И покрај овој пораз Полска обезбеди пласман во главната рунда.
ЕП 2022, ГРУПА Д – ТАБЕЛА