Македонија со пораз од Данска со десет гола разлика, 31-21, го заврши настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Десниот бек Мартин Велковски беше разочаран и вели дека за пласман на следното големо натпреварување ќе мора многу да се потрудиме.
„Добро отворивме против Данците, имаме одиграно неколку меча против нив, но ни настана проблем откако Филип Кузмановски го повреди зглобот и ја расипа ротацијата и играта. После тоа се виде дека имаме проблеми во организацијата на играта. Данците не застануваат, иако беа подмладени, играчите сакаа да се докажат кај тренерот и цело време играа максимално, стварно беше тешко. Криво ми е што загубивме десет разлика, мислам дека имавме добар меч за да не биде десет разлика. Видовме и со Словенија и со Црна Гора дека можеме да играме. Беа доста израмнети натпревар, но мавме грешки во клучните моменти на претходните натпревари и пропуштивме шанса. Но, тоа е што е, ќе одиме по потежок пат кон СП 2023, ќе се подготвуваме за баражот, не очекува потежок противник затоа што мора да одиме напред“, изјави Велковски.