Македонија со три порази го заврши Европското првенство во Унгарија и Словачка, а последниот беше од Данска со десет гола, 31-21.
Левиот бек Филип Талески вели дека иако се беше во наши раце на ова ЕП, не знаевме како да искористиме.
„Можам да кажам дека имавме се во свои раце, но не знаевме да искористиме. Отворивме перфектно со 4-0 исто како и со Словенија, но не знаевме тоа да го искористиме. Мора да работиме на падовите во играта кои што не смеат да се дозволат ако сакаме да правиме подобри резултати. Целото првнство ќе биде голема шлаканица за нас бидејќи се беше во наши раце, но ништо не искористивме, се пуштивме низ вода. Не смееме да го правиме тоа. Сите работи ни се дланка ние мора само да го искористиме тоа, а ние потфрливме на ова првенство и ова во иднина не смее да се повтори“, изјави Талески.