Репрезентацијата на Франција во директниот дуел со Србија за пласман во главната рунда покажа сила, одигра фантастично прво полувреме и убедлов триумфираше на крајот со 29:24 и пренесе два бода во следната фаза.
Неизвесноста на овој натпревар траеше многу кратко, после почетните 3:3 во продолжението Франција имаше целосна доминација на теренот. Следуваше серија од 6:1 на Французите за високо водство од 9:4 во 15. минута.
Венсан Жерар беше неверојатен во првото полувреме и собра десет интервенции, а неговата блескава партија соиграчите знаеја да ја искористат. Србија имаше многу потешкотии во нападите, промашуваа и од изградени позиции, а сите грешки Франција немилосрдно ги казни.
До крајот на првото полувреме Французите ги решија сите дилеми околку победникот, во 26. минута имаа двоцифрена предност од 15:5, а на полувремето водеа 16:7. Продолжението беше формалност, Франција играше без многу напор и сигурно го водеше натпреварот кон триумф.
Србија во завршницата успеа да го ублажи поразот, но сепак со само една победа го завршува првенството во групната фаза. Најефикасен во победничкио тим беше Кентан Мае со шест гола, а пет постигна Дика Мем додека Жерар собра 12 интервенции. Во тимот на Србија, Богдан Радивојевиќ беше најефикасен со седум гола.
ЕП 2022, ГРУПА Ц – ТАБЕЛА