Репрезентацијата на Црна Гора приреди изненадување во последното коло од Групата А и дојде до победа од 33:32 против Словенија и дојде до втора рунда откако голманот Симиќ заблеска во финишот и ги стопираше Словенците.
Од почетокот на средбата се виде дека ова ќе биде неизвесен натпревар полн со возбудувања. Како ќе се одвива натпреварот стана јасно после неколку натпревари така што долго се играше со тесен резултат.
И Црногорците и Словенците имаа свои моменти. Успеваа да наметнат свој ритам и на моменти да контролираат. Сепак, откако некаде на средината на првиот дел Кастелиц застана на голот и успеа да допринесе за преземање на водството и зголемување на разликата.
Како што одминуваше времето така стануваше јасно дека селекцијата на Словенија ќе почне да ја зголемува предноста. До крајот на првиот дел со контролирана игра пред се во нападот се дојде до посакуваниот резултат и во финишот на првото полувреме беше обезбедено водство и од четири гола разлика, но на одмор беше 19:16.
Вториот дел Словенците го почнаа со зголемување на водството, но имаа само плус четири. При 23:19 почна да се губи ритамот откако не беа искористени шанси за зголемување на водството така што во продолжението Црна Гора почна да фаќа приклучок. Словенија успеа да издржи и понатаму на 2-3 гола водство, но како се доближуваше крајот така стануваше јасно дека нема да има ништо од мирна завршница.
Црна Гора дојде до нерешени 31:31, а потоа откако беше пресечена топка Вујовиќ донесе 32:31 и се влезе во максимално интересна завршница во последните 3-4 минути. Словенците мораа да победат за да играат во вториот круг, а Црногорците и со реми можеа да се радуваат. На сето тоа Симиќ одбрани два седмерци и практично тој и денеска е херојот на Црна Гора.
На крајот со 33:32 репрезентативците на Црна Гора со голема победа обезбедија пласман во вториот круг како второпласирани од Групата А.
ЕП 2022, ГРУПА А – ТАБЕЛА