Репрезентацијата на Полска со победа од 29:20 над Белорусија обезбеди пласман во главната рунда на Европското првенство.
Овој натпревар мина во потполна доминација на ракометарите на Патрик Ромбел. Неизвесно беше само во првите осум минути кога резултатот беше 3:3.
Полска во продолжението полека ја зголемуваше разликата во своја корист. Водството на Полјаците беше од четири до пет позитива во првото полувреме.
Белорусија немаше никакви шанси да фати приклучок и да го направи натпреварот поинтересен. Репрезентацијата на Полска на полувреме замина со солидна предност од три гола разлика, 14:11.
Во второто полувреме имаше мал пад во играта од страна на ракометарите на Полска. Во 45. минута, Вајлупов намали на минус три, 18:21. Останатите петнаесетина минути беа само чиста формалност, во која Полска со убедлив триумф го завери местото во главната фаза од Европското првенство.
Полска во првото коло од групната фаза беше подобра од Австрија со 36:31.
ЕП 2022, ГРУПА Д – ТАБЕЛА