Европската ракометна федерација ја казни Ракометната федерација на Македонија ќе треба да плати висока казна.
Казната изнесува 2.000 евра и е изречена поради различна боја на чорапите на ракометарите кои играа против Словенија.
Ова не е прва казна, бидејќи имаше ист ваков случај и на Европското првенство во Хрватска, но тогаш беше пониска.
EХФ најави дека во текот на денот ќе има подетални информации околу казната.
Македонската репрезентација денеска го игра вториот натпревар на шампионатот против Црна Гора во „Феникс Арена“ со почеток во 18:00 часот.