Репрезентативката на Црна Гора, Итана Грбиќ, од наредната сезона ќе биде дел од Брест Бретањ.
Грбиќ во редовите на францускиот тим ќе биде втората ракометарка од Црна Гора. Моментално во француската екипа настапува нејзината колешка, Ѓурѓина Јауковиќ.
Грбиќ во оваа сезона го носи дресот на унгарскиот шампион, ФТЦ Раил Карго и има блескави партии во натпреварите од Лигата на шампионите, како и во шампионатот на Унгарија.
Црногорката со раководството на Брест Бретањ се договори на двегодишна соработка. Во својата кариера беше дел од екипата на Будуќност, ЧСМ Букурешт, Вардар и Даниловград.
За репрезентацијата на Црна Гора настапува од 2015 година и има одиграно над 70 официјални натпревари.