Десното крило на Вардар, Гоце Георгиевски игра на уште големо натпреварување со репрезентацијата на Македонија. Тој играше во првото полувреме против Словенците.
„Одигравме тежок натпревар. Знаевме дека Словенија е квалитетна репрезентација. Добро бевме подготвени. Одигравме натпревар кој не беше многу квалитетен. Имаше грешки и на двете страни. Во вториот дел направивме грешки и во напад и одбрана кои беа одлучувачки за победникот. Словенците направија разлика од 2-3 гола и таа им беше доволна. Иако водеа во текот на натпреварот , ние имавме шанса да се вратиме, но нијанси одлучија на крајот. Може да се каже дека ни недостигаше искуство во моментите кога требаше да се реши победникот. Следните натпревари ќе бидат уште едно искуство плус за овие млади момци. Ќе се обидеме против Црна Гора да се поправиме и одиме на победа в сабота“, изјави Георгиевски за 24 Ракомет.
Натпреварот против Црна Гора е в сабота од 18 часот.