Репрезентацијата на Македонија денеска игра против составот на Словенија на стартот на Европското првенство.
На првиот дуел од Групата А ова ќе биде екстра дуел бидејќи ова ќе им биде осми меѓусебен дуел, а третпат ќе се сретнат на Европските првенства. Македонија има две победи и двете ги има остварено на шампионатите на Европа.
Во 2012 година, Македонија ја совлада Словенија со 28:27 во натпреварот за 5. место кој решаваше за пласман во олимписките квалификации.
И во 2018 година, но во групната фаза Македонија дојде до победа. Истата беше изразена повторно со еден гол, а Македонија победи со 25:24.
ДОСЕГАШНИ МЕЃУСЕБНИ СРЕДБИ
9 ЈУНИ 2007 (БАРАЖ ЗА ЕП)
СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 33:28 (14:14)
16 ЈУНИ 2007 (БАРАЖ ЗА ЕП)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 32:33 (16:16)
27 ЈАНУАРИ 2012 (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 28:27 (16:12)
25 ЈАНУАРИ 2015 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 28:39 (15:16)
16 ЈАНУАРИ 2017 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 22:29 (10:16)
13 ЈАНУАРИ 2018 (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 25:24 (11:11)
20 ЈАНУАРИ 2021 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 21:31 (9:13)