Пешевски: Со големо срце до добар резултат

Пивотот на Штутгарт, Жарко Пешевски веќе има собрано доста искуство зад себе, а од Европското првенство во 2016 година постојано е дел од репрезентацијата на Македонија на големите натпреварувања.

Има играно против Словенија и знае како треба против вака силните ривали.

„За нас секоја средба е важна. Секој нов натпревар ќе биде и ново докажување така што одиме чекор по чекор. Имаме наш систем, негуваме наша игра, се држиме до планот. Исто како и Миркуловски дојдов меѓу последните на овие подготовки, но наидов на мотивирани колеги, желни за борба. Ќе се обидеме со големо срце да се прикажеме во добро светло“, коментираше Пешевски.

Дуелот против Словенија се игра утре од 18 часот во Дебрецен во рамки на 1. коло од Групата А.