Миркуловски: Имаме позитивни и повредени, но имаме и добар ростер

потпис

Најголемиот борец на теренот и играчот кој секогаш оди со 100 проценти од силите и во напад и во одбрана, Филип Миркуловски уште еднаш ќе биде сигурно еден од креаторите на голем дел од играта на Македонија на ова првенство.

Во моментов е и во улога на асистент на Лазаров, но ќе биде и двигател на теренот кога ќе биде потребно така што неговото искуство ќе биде клучно и за играта и за младите кои секако ќе имаат што да научат.

„Релативно доцна дојдов на подготовките. Сите момци се подготвени и физички и тактички. Тоа ми претставува задоволство. Словенија е апсолутен фаворит бидејќи се работи за селекција со играчи кои настапуваат во врвни клубови. Од моја гледна точка сме подготвени на тактички план. Имаме проблеми со ковид и со повреднеи играчи, но имаме добар ростер. Мора да веруваме и да го дадеме максимумот на терен и во дефанзива да го добиеме овој натпревар. Ќе дадеме максимум и сакаме изненадување на стартот“, рече Миркуловски на денешниот прес.

Натпреварот против Словенија се игра во 18 часот и ја отвора Групата А во која утре ќе биде одигран уште еден натпревар од 20:30 часот на кој Данска ќе ги одмери силите со Црна Гора.