Македонската репрезентативка Елена Ливриниќ во продолжение од сезоната ќе настапува во Романија, но во друг клуб.
Таа стана соиграч со Сања Дабевска во составот на Дева, откако минатата полусезона беше дел од Слатина, но замина по неколку месеци.
По заминувањето од Металург, Ливриниќ најдолго се задржа во составот на Данубиус Галаци, каде играше три сезони.
Потоа по една сезона мина во редовите на Рапид Букурешт и Глорија Бузау, па може да се каже дека е како дома во Романија.
Покрај Ливриниќ и Дабевска, во романскиот шампионат настапуваат уште три македонски репрезентативки – Елена Ѓорѓиевска, Марија Штериова и Јована Саздовска.