Екипата на Порто каде што брани репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски на домашен терен славеше во дербито против екипата на Спортинг со 31:30 во натпревар од 11. коло од првенството на Португалија.
Дербито на Португалија го оправда епитетот, од почеток до крај беше неизвесно. Во првото полувреме Спортинг почесто беше во преднсот, имаше и три гола позитива но сепак на паузата Порто замина со водство од 15:14.
Во второто полувреме продолжи неизвесноста, но Митревски и соиграчите успеаја да ја сочуваат предноста од првиот дел и да го зачуваат максималниот учинок во првенството.