Тимот на Порто, каде што брани македонскиот репрезентативец Никола Митревски, продолжува со победничката серија во португалскиот шампионат.
Порто на домашен терен беше подобар од Агуас Сантас со убедливи 12 гола разлика, 38-26, откако на полувреме беше 21-8.
Митревски брани во одлична форма, а тоа го потврди и на овој натпревар. Македонецот бранеше цел меч, и успеа да собере 12 одбрани, односно 30% успешност.
Порто има 12 победи на 12 натпревари досега, а следен предизвик за клубот и Митревски ќе биде дербито со Спортинг Лисабон.