На дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое се игра во салата „Боро Чурлевски“, на полувремето имаше хумана акција.
Домашните апелираа до гледачите што ќе дојдат во салата да донесат плишани играчки и да ги фрлат на теренот на полувреме.
Апелот стигна до битолчани, тие го преплавија паркетот со плишани играчки што ќе бидат донирани на дечиња од ранливите категории.
Потег за респект…