Екипата на Тор Акурејри продолжува со добрите резултати под водство на Стевче Алушовски и забележа нова победа овој пат со 32:29 против Валур.
Тимот кој е предводен од стратегот од Македонија има одлични резултати сезонава така што тоа е одлична најава и за продолжението од сезонава, а на оваа средба Алушовски беше исклучен после приговори до судиите со оглед на тоа што веќе имаше добиен жолт картон.
Исклучен беше и интернационалецот од Македонија, Томислав Јагуриновски, но поради трето исклучување. Тој мораше да го напушти теренот во второто полувреме во моменти кога имаше три погодоци, четири асистенции и четири пресечени топки.
Одработи одлично и учествуваше во победата така што црвениот картон не го влоши впечатокот.
Оваа победа е одличен поттик за новиот дуел. Следува натпревар против Хардар на кој се очекува одново да се нападне со сите сили за нова победа.