Женската екипа на ПАОК, во која настапуваат двете поранешни ракометарки на Металург, Марија Тасевска и Марија Николиќ, во натпревар од шампионатот на Грција беа убедливи против составот на Каматеро со резултат 31:13.
Ракометарките на ПАОК на полувреме имаа предност од 17:11, додека во вториот дел целосно го срушија својот противник и му дозволија да постигне само два погодоци.
Двете ракометарки од Македонија максимално ја искористија дадената минутажа на терен. Николиќ беше меѓу најефикасните на натпреварот со четири погодоци. Освен добрата игра во напад, Николиќ одигра во стандардна форма во одбрана. Левото крило, Марија Тасевска беше стрелец на два погодоци. Освоената победа против Каматеро за тимот на Николиќ и Тасевска беше доволна за задржување на лидерското место во втората група од регуларниот дел на грчкиот шампионат.
Освен женскиот тим на ПАОК, со максимален ефект продолжува и машкиот тим, во кој настапува голманот Виктор Гигов. Велешанецот и неговите колеги беа подобри во дуелот против Зафеиракис со три гола разлика, 24:21. Моментално, екипата на ПАОК се наоѓа на лидерското место во рамките од Групата Б со 18 освоени бодови односно биланс од девет победи од исто толку одиграни натпревари.