Петровски ја водеше Гвадалахара до триумф кај Виља де Аранда

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, заедно со екипата на Гвадалахара славеа на тешкото гостување кај Виља де Аранда со три гола разлика, 27:24.

Македонецот на овој натпревар беше еден од предводниците во победничката екипа. Петровски зад своето име запиша четири погодоци и дерби дуелот го заврши со пет асистенции кон неговите колеги.

Со победата против Виља де Аранда, ракометарите на Гвадалахара остануваат во игра за втората позиција на табелата во Втората шпанска лига во рамките од Групата А. Гвадалахара се наоѓа на 5. позиција со десет освоени бодови.

Во следното коло, Гвадалахара на домашен терен ќе го пречека второпласираниот тим на Аменабар.