По заминувањето на Веселин Вујовиќ од клупата на Вардар, веќе се редат имињата на потенцијалните кандидати за негов наследник.
Освен Давид Дејвис, на листата високо котира некогашниот словенечки репрезентативец Урош Зорман, кој сега го предводи Тримо Требње.
Зорман не сакаше премногу да коментира околу можната преселба во Скопје и изјави дека сега е концентриран на Тримо.
„Јас во Вардар – никогаш не се знае. Сега се стои како што е…Тука сум во Словенија засега“, кратко одговори Зорман на прашањето на 24Ракомет околу понудата од „црвено-црниот“ табор.
Зорман пред две сезони беше блиску до преземање на Вардар, но работата се изјалови во последен момент. По завршувањето на играчката кариера, му беше асистент на Талант Душебаев во полскиот Келце, пред да се врати во татковината и да го преземе Тримо со кој беше дел од Лигата на Европа.
Лани имаше понуда од Мешков Брест, но се реши да остане во Словенија.