МВП на 13. коло во Супер машката лига – Давор Палевски (Пролет)

Ракометрот на Пролет, Давор Палевски е играч на 13. коло во Супер машката лига откако доби најмногу гласови во Анкетата. Тој доби 43,61 процент од гласовите, а имаше голема трка со голманот на Бутел Скопје, Бојан Блажевски.

Палевски имаше нешто над 10 проценти повеќе гласови така што заврши на врвот на новото гласање.

Покрај Палевски и Блажевски во тимот на колото беа и Мице Шилегов (Охрид), Анте Гаџа (Вардар), Милан Лазаревски (Металург), Матео Мараш (Еурофарм Пелистер) и Јовица Младеновски (Бутел Скопје).