Екипата на Вардар денеска се раздели со тренерот Веселин Вујовиќ, а тоа беше повод да се огласат и од навивачката група комити. Тие имаа посебен статус посветен на легендата на светскиот ракомет, но и легенда на Вардар бидејќи ова беше третпат Вујо да е на клупата на „црвено-црните“.
Комити имаа посебен поздрав до Вујо при што му ја искажаа сета благодарност за она што го направи за клубот досега.
„Го зема приматот од Пелистер а потоа и од Металург…
Направи тим кој потоа се надогради и стана Европски првак…
Природно, создаде посебна хемија со публиката…
Стана икона на Комити!
Знаеше кога да го искористи своето влијание…
Од обичен натпревар знаеше да направи шоу…
Умееше да добие загубен меч…
Мајстор за подигање атмосфера…
Ни предизвикуваше насмевки…
Ни ги насолзуваше очите…
Ни ги растреперуваше срцата…
Стана Вардарова легенда!
Носеше наши реквизити…
Не засака нас како и ние него…
Секогаш беше со нас, а и ние со него…
Беше со нас во сите војни и битки!
Се заљуби во Вардар…
Го сакаше од почеток, ќе го сака до крај…
Кога требаше застана и за Фудбалскиот клуб!
Си купи билет за спас на Вардар!
Беше и остана ЕДЕН ОД НАС!
На Кале испишана историја…
Вечно ќе се памети Вујовата мајсторија!
Скопје секогаш ќе биде твој дом!
Во нашите срца секогаш ќе има место за тебе!
Довидување но никогаш збогум!
Ти благодариме за се!
Засекогаш – ВУЈО МАЈСТОРЕ!“