ИНЦИДЕНТ во Шпанија – му го украле знамето од трибина додека работел на Мундијалот!

Организаторот на Мундијалот во Шпанија и Светската ракометна федерација секојдневно се соочуваат со забелешки од страна на учесниците.

Нов во низата инцидент е случајот со романскиот фотограф Сорин Пана, кој останал без знамето на неговата држава додека се играл мечот меѓу Романија и Норвешка.

Tој го поставил романското знаме на една од трибините со натпис Галаци, градот од кој потекнува, но му било украдено.

„Се надевам дека крадецот ќе се однесува со почит кон знамето, кое го носев на сите првенства и настани каде што работев досега. Напред Романија“, напиша Пана на Фејсбук.