Гигов против Романци, Крстевски против Норвежани за четврт-финале

Со одредувањето на двојките за осминафиналето од Европскиот куп стана јасно како ќе се одвиваат дуелите во февруари кога ќе продолжи натгпреварувањето.

Во ова натпреварување има двајца интернационалци од Македонија. Голманот Виктор Гигов со тимот на ПАОК за противник го доби составот на Минаур Баја Маре од Романија. Првиот натпревар ќе се игра во Романија, а реваншот е во Солун. Натпреварите се играат на 12 или 13 февруари и една седмица подоцна.

Горан Крстевски исто така на првата средба ќе игра на гостински терен, а противник на тимот на Фочани е составот на Нарбо од Норвешка.

ЕВРОПСКИ КУП – МАЖИ

ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

ПОТАИСА ТУРДА (Романија) – АЛИНГСАС (Шведска)

ЕШ (Луксембург) – ПЛЗЕНСКО КРАЈЕ (Чешка)

ДРАМЕН (Нопрвешка) – СКИФ КРАСНОДАР (Русија)

БАЈА МАРЕ (Романија) – ПАОК (Грција)

КАРВИНА (Чешка) – СУР АРАУ (Швајцарија)

ХОВДЕ (Шведска) – СКА МИНСК (Белорусија)

НАРБО (Норвешка) – ФОЧАНИ (Романија)

САРАТОВ (Русија) – ВИКТОР (Русија)