Ракометарите на Вардар ги очекува тешко гостување во Лигата на шампионите кај хрватскиот првак Загреб.
Екс членот на „плинарите“, Анте Гаџа, вели дека добрата одбрана може да биде клучот за освојување на бодовите.
„Не чека двобој со Загреб, се надеваме дека ќе одиграме одличен натпревар и дека во добро расположение ќе се вратиме во Скопје. Загреб ја подигна својата форма, освоија доста бодови во последно време. Мораме да бидеме подготовени и борбени, за нивата добра одбрана. Мора да бидеме паметни и со наша добрана одбрана да се надеваме на бодови“, вели Гаџа.
Натпреварот меѓу Загреб и Вардар се игра в среда со почеток во 20:45 часот.