Владимир Глигоров во Сирија има функција на селектор на сите женски репрезентации и во исто време ги предводи и сениорската и јуниорската и кадетската селекција. Има многу работа бидејќи треба да се работи на напредокот на девојките, но во исто време се соочува со проблеми.
Постојат проблеми со спортската инфраструктура и не е лесно да се одработуваат планираните тренинзи така што мора да се наоѓаат решенија како да се имаат поголем број на тренинзи неделно.
„Ракометот овде има реални проблеми. Има недостаток на сали. Проблеми каде да се тренира. Многу повеќе се насочени кон кошарката и фудбалот. Борбата е тешка за стекнување место под сонцето за ракометот. Поради тие проблеми технички повеќето екипи тренираат 2-3 пати неделно што е недоволно. Со оглед на тоа што работам со кадетска селекција и ракометарки од 16-17 години потребно е повеќе да се тренира. Исто е и со сениорките. Следна цел ни е да обезбедиме подобри услови за работа на клубовите. Тие се база за репрезентацијата. Не може да се чека само да дојде собир на репрезентацијата и да се работи квалитетно. Целта ни е оваа возрасна категорија на кадетки и јуниорки да тренира петпати неделно за да може да се крене нивото на игра на ракометот и да се стекне многу поголемо знаење на тактичко-технички план“, вели Глигоров во интерјуто за 24 Ракомет.
Комплетното интервју можете да го прочитате на линкот во продолжение…
ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ: Меѓу работа без пари и работа за перспектива ја избрав Сирија