Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од десеттото коло во Лигата на шампионите.
Ракометарите на Вардар ќе имаат тешко гостување кај хрватскиот првак Загреб, а мечот ќе го судат литвански арбитри.
Станува збор за добро познатите Ваидас Мажеика и Миндаугас Гателис, додека делегат е Томо Водопивец од Словенија.
Натпреварот меѓу Загреб и Вардар се игра на 8 декември од 20:45 часот.