Тимот на Вардар го очекува тешко гостување кај бундеслигашот Кил во дуел од деветтата рунда во Лигата на шампионите.
Тренерот Веселин Вујовиќ има проблеми со ростерот, но вели дека очекува екипата да биде мотивирана и да даде максимум.
„Не очекуваат три важни меча. Првиот од нив е во Кил. Таму ниедна екипа не е фаворит, но би било важно да одиграме добро, бидејќи тоа би ни било голема мотивација за наредните двобои со Загреб и Еурофарм Пелистер. Што се однесува до составот, Гаџа доби вироза, нема да игра со Кил и тоа ми прави големи проблеми, се враќа Куни иако не е максимално подготвен, а Борко Ристовски исто така не е опоравен од проблемите што ги има долго време. Се надевам дека и тоа брзо ќе се реши. Имаме три меча, две победи би биле мелем за сите нас. Очекувам екипата да биде мотивирана и да даде максимум“, вели Вујовиќ.
Натпреварот против Кил се игра утре, против Загреб на 8 декември, додека оној против Еурофарм Пелистер на 15 или 16 декември.
Голем проблем: Гаџа не може да игра, Вардар без среден бек во Кил!