Екипата на Вардар својот следен натпревар од Лигата на шампионите ќе го има против тимот на Кил, а ова ќе биде ново тешко гостување.
Во таборот на „зебрите“ се надеваат на позитивен резултат и ќе излезат на терен како големи фаворити на пресметката со „црвено-црните“.
„Без разлика кој ни е следниот противник немаме друг избор освен да продолжиме со високото ниво на игра. Мораме да ги добиеме сите натпревари до крајот од сезоната. Сакаме да завршиме на првото место во групата, а мораме да победуваме почнувајќи од дуелот против Вардар“, вели Харалд Рајнкинд пред дуелот против Вардар.
Натпреварот се игра в четврток од 20:45 часот.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
ТАБЕЛА