Голманот на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ од меч во меч е се посигурен и меѓу најважните играчи на битолчани. Во триумфот на „зелените“ против тимот на Татабања од 33-20, унгарскиот интернационалец имаше 8 одбранети топки, а македонскиот вицепрвак ја оствари втората победа по ред во Лигата на Европа.
Со своите добри настапи, Секељ веќе е на мета на повеќе клубови кои се заинтересирани за него. Тој дојде пред почеток на сезоната како големо и искусно засилување во Битола. На четирите мечеви во Лига Европа има 24 одбранети топки, а овој меч против Татабања секако е еден од најдобрите.
„Точно е дека имам понуда од ППД Загреб. Но, сега сум целосно фокусиран на мојот настап во Еурофарм Пелистер, и прво ќе разговарам со клубот. Уште е рано било што да решам, и сакам прво со клубот да ги постигнеме најдобрите клупски резултати, ни изјави Секељ по мечот со Татабања.
Пред домашна публика во Битола, македонскиот тим одигра доминантно и пред се ефикасно, за што потврдува и високата гол разлика. По пауза од 15 годинии Еурофарм Пелистер победи со двоцифрена разлика, а ова е трета највисока победа во европските купови за битолчани. Претходно двапати победија со повисока гол разлика, еднаш со 44-24 и со 40-25 против Талас Талин, уште во 2006 година.
Битолчани ја играат досега најдобрата сезона во европските купови и по четири одиграни натпревари се на второто место на табелата во Д групата на Лига на Европа. Во следното коло Еурофарм Пелистер патува во Португалија кај лидерот во групата, Спортинг.
Секељ за 24Ракомет: Чкембари и Битола очекуваат да направиме нешто големо