Кувајт ќе ја тестира Македонија пред ЕП

Машката сениорска репрезентација на Македонија договори пријателски натпревари за време на подготовките пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Избраниците на Кире Лазаров ќе одиграат две средби против селекцијата на Кувајт, која ќе се подготвува за настап на Азиското првенство во Саудиска Арабија.

Нашата селекција била желба на Кувајт за тест дуели, бидејќи веќе закажале средби и со Црна Гора, па ќе имаат силни контроли пред настапот на континенталниот собир.

Двете средби меѓу Македонија и Кувајт би требало да се одиграат во Скопје на крајот на декември, а термините допрва треба да се договорат.

Македонија играше два меча со Египет како дел од подготовките за ЕП, а во Дебрецен ја чекаат тешки дуели со Словенија, Данска и Црна Гора како дел од групата А.