Ракометарките на Шампион ја остварија својата петта победа во сезоната од Женската лига откако на домашен терен во 9. коло беа подобри од составот на Феникс со 37:32.
Уште од почетокот Шампион имаше контрола на играта и резултатот, поведе со 7:4 и 10:5 и најави триумф. До крајот на првиот дел Феникс не успеа да ја намали негативата и на пауза имаше минус од пет гола, 16:11.
Во продолжението Феникс успеа да намали на минус еден, кога беше 18:17. Потоа следуваше нова серија на Шампион со која го вратија водството и до крај го сочуваа за нови три бода.
Мила Филипова беше најефикасна со десет гола во екипата на Шампион, а Ана Георгиевска постигна седум погодоци. Во тимот на Феникс убедливо најефикасна беше репрезентативката Емилијана Ризоска со 16 гола.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А
ТАБЕЛА