Тимур Дибиров ја игра деветтата сезона во македонскиот шампион Вардар и стана легенда на „црвено-црниот“ клуб.
Русинот има 38 години и веќе размислува за крај на богатата кариера, иако секоја екипа би посакала ракометар како него во ростерот.
„Пазарот е голем, секогаш можеш ако посакаш да смениш клуб и држава. Но јас многу сум поврзан за Вардар и за Македонија. Мене секогаш тешко ми паѓа кога ќе помислам дека ќе дојде момент за разделба, за пензија и за заминување, а тој ќе дојде веројатно скоро…Колку што можам ги тргам тие мисли од главата, затоа што емоциите проработуваат. Има две опции, или ќе останам во Македонија или ќе се вратам во Русија, трето нема“, кажа Дибиров во „Голден Карпет“.