Тимот на Вардар остана единствениот женски претставник од Македонија, иако имавме дури четири.
Вардарки ќе се соочат со холандскиот тим Јуро Унирек во третото коло од Европскиот Куп, а тренерот Драгана Ристова вели дека нејзините ракометарки може да се носат со ривалот.
„Го анализиравме противникот и сметам дека се екипа со која може да се носиме и против која има простор за игра. Секако многу работи ќе зависат од нас, пред се од тоа како ќе влеземе во натпреварот. Ако сме мирни, фокусирани и играме без притисок може да бараме шанса. Ќе имаме поддршка и од трибините која се надевам дека ќе им даде позитивен импулс на девојките и ако дадеме се што можеме и знаеме тогаш искрено се надевам дека ќе одиграме добар натпревар. Имаме малку здравствени проблеми со средните бекови, но ќе се потрудиме тоа да го санираме и да понудиме квалитетен меч“, вели Ристова.
Натпреварот меѓу Вардар и Јуро Унирек се игра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот.