Ракометарите на Вардар после поразот во минатото коло дојдоа до триумф и се вратија во победнички ритам во Супер машката лига откако денеска во 10. коло го совладаа Тиквеш со 34:27.
Од почетокот на средбата имаше надигрување, но Вардар постепено успеваше да дојде до контрола на натпреварот. Имаше игра со која го зголемуваше водството и без поголем проблем го зголемуваше водството.
Дибиров беше лидерот во нападот кој го полнеше голот на Тиквеш. Имаше десет гола во првото полувреме во кое Вардар беше во предност со 18:13.
Предноста од пет погодоци во првиот дел само беше зголемена во вторите 30 минути. Без поголем проблем се дојде до разлика кој гарантираше нова победа. Кавадарчани, пак, во завршницата искористија шанса за да намалат, па на крајот беше 34:27 за Вардар.
Ова беше дуел кој двете екипи го искористија за поправање на формата и за тест пред новите предизвици. Тиквеш викендов го очекува средба во Купот на Македонија, додека Вардар ќе го скокне првото коло и ќе се подготвува за дуелот против Пик Сегед во Лигата на шампионите.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА