Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од седмото коло во Лигата на шампионите.
Најдобра македонска судиска двојка ќе патува во Шпанија, во Барселона, каде што ќе го суди дербито на колото.
Начевски и Николов ќе бидат арбитри на мечот меѓу европскиот првак Барселона и залетаниот полски Келце.
Натпреварот меѓу Барселона и Келце се игра в четврток на 18 ноември во „Блауграна“ со почеток во 20:45 часот.
Драган Начевски ќе биде делегат на средбата меѓу ПСЖ и Порто, која се игра во Париз на 18 ноември од 20:45 часот.