Ракометарите на Вардар врзаа три порази по ред во Лигата на шампионите откако не успеа да одигра две добри полувремиња против Кил и во вториот дел ја загуби предноста, па финишираше со резултат од 26:29.
Според играта која беше до 40. минута Вардар заслужи многу повеќе на овој дуел, но периодот од 41. до 50. минута беа клучните за победникот бидејќи тогаш Кил успеа да направи пресврт и да има целосна контрола до крајот за обезбедување на триумф.
Од почетокот на натпреварот екипата на Вардар имаше контрола. Мартин Томовски и Тимур Дибиров беа играчите кои ги водеа „црвено-црните“ кон позитивен резултат и тоа функционираше добро така што требаше само да се одработи задачата. Сепак, одбраните на Томовски не се користеа најдобро бидејќи предноста на почетокот беше најмногу два гола, 3:1.
Во поголемиот дел од првото полувреме резултатот беше нерешен или еден разлика за еден од тимовите. И во таков ритам, Вардар имаше контрола, па во последните две минути стигна до плус три и на одмор да замине со 13:10.
Првите десет минути од второто полувреме останаа со иста предност за Вардар. „Црвено-црните“ имаа контрола и водеа со 18:15 кога за седум минути сè беше уништено односно загубено. Со 5:0 тимот на Кил ги сврте работите во своја полза и тука почна со контрола на играта и водењето на натпреварот кон победа.
Вардарци се обидоа, но не можеа да се вратат во средбата. Имаше моменти кога имаа и двајца играчи повеќе, но и тогаш не успеваа бидејќи Дувњак беше расположен и погодуваше од секоја позиција. На крајот беше 26:29 со што Кил дојде до нова победа, а Вардар остана на пет поени освоени од првите три кола.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
ТАБЕЛА