ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО ОД СУПЕР МАШКА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.

За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа седмото коло од машката Суперлига?

Давор Шокоски – лев бек – Прилеп
50.90%
Страхиња Симиќ – среден бек – Тиквеш
37.62%
Градимир Чаневски – голман - Бутел Скопје
3.70%
Улисес Рибеиро – лево крило – Металург
2.58%
Стојанче Стоилов – пивот – Вардар
2.45%
Стефан Трпчевски – десен бек – Тиквеш
1.63%
Јосип Божиќ Павлетиќ – десно крило – Еурофарм Пелистер
1.12%

РЕЗУЛТАТИ ДО 7. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ 2020           38:12ИЗВЕШТАЈ

ПРОЛЕТ – ВАРДАР            26:35ИЗВЕШТАЈ

МЕТАЛУРГ – РАДОВИШ              31:19ИЗВЕШТАЈ

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ТИКВЕШ       24:26ИЗВЕШТАЈ

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД              15:14ИЗВЕШТАЈ

ПРИЛЕП – СТРУГА           25:22ИЗВЕШТАЈ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО ОД СУПЕР МАШКА ЛИГА

ГОЛМАН: Градимир Чаневски (Бутел Скопје) – Бранеше одлично во текот на сите 60 минути и беше еден од главните виновници што беше обезбедена победа на дерби дуелот против Охрид.

ЛЕВО КРИЛО: Улисес Рибеиро (Металург) – Екипата на Металург обезбеди нова победа, а тој заедно со Хорват и Озтурк беше еден од најдобрите на теренот. Постигна четири гола.

ЛЕВ БЕК: Давор Шокоски (Прилеп) – Покажува дека е играч на кој Прилеп може да смета уште долго, а веќе има игра со која е еден од подобрите во нападот. Постигна четири гола и беше и меѓу најефиксните.

СРЕДЕН БЕК: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – Со седум погодоци го водеше Тиквеш до победа на тешкото гостување во Битола кај Еурофарм Пелистер 2. Тој беше лидер во организацијата на нападот и беше и најефиксен.

ДЕСЕН БЕК: Стефан Трпчевски (Тиквеш) – Беше одлична поддршка за Симиќ, а со пет гола имаше и добар придонес во победата. Ова беа важни бодови така што со нив Тиквеш тргна кон горниот дел од табелата.

ДЕСНО КРИЛО: Јосип Божиќ Павлетиќ (Еурофарм Пелистер) – Ова беше одлично загревање за натпреварите кои следуваат и во Европа. Божиќ Павлетиќ имаше добра форма и постигна седум гола.

ПИВОТ: Стојанче Стоилов (Вардар) – Имаше атрактивен потег со голот од центар кој може да влезе во изборот за гол на годината или гол на сезоната. Покрај тоа беше стрелец на уште два гола во победата над Пролет.